Жypнал ја преброи Владата: 17 Албанци и 12 Македонци на раководни позиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Со влегувањето на Алтернатива во Владата видно ќе се зголеми учеството на функционери и раководители – Албанци во составот на Владата. Иако во ова парламентарно мнозинство се најбројни пратениците на СДСМ како македонска партија, сепак, во владиното мнозинство ќе доминираат Албанците и албанските партии.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Албанците прават најдобро што умеат / Во Владата доминираат Албанците, иако имаат помалку пратеници“.

„Журнал“ пишува: „Дури и меѓу министрите на СДСМ некои не се Македонци. Министрите и замениците – министри ќе ги надминат според бројноста оние македонските во овој владин состав. Албанците доминираат на раководните позиции – министри и заменици – министри. Албанците раководат со вкупно 17 позиции, Македонците со 12, а Турците со 2.“

„Ова можеби беше предупредувањето на министерот Горан Милевски, кој изгледа не може да се согласи со реалноста и кажа дека ќе ја разгледаат уште еднаш спогодбата со Заев и со Гаши. Неговата Либерално – демократска партија е дел на Владата.“ – заклучува „Журнал“ во својата анализа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This