дома Спорт ЗАБОРАВЕНИОТ РАКОМЕТЕН ХРАМ СТАНУВА КОШАРКАРСКИ ЦЕНТАР: СРЦ „Кале“ станува центар на македонската...

ЗАБОРАВЕНИОТ РАКОМЕТЕН ХРАМ СТАНУВА КОШАРКАРСКИ ЦЕНТАР: СРЦ „Кале“ станува центар на македонската кошарка

Спортско рекреативниот центар „Кале“ кој во минатото беше синоним за ракометни успеси, во иднина ќе биде центар на македонската кошарка.

Кошаркарската федерација го доби правото да менаџира со овој објект и тој ќе биде центар за развој на млади категории.

Во спортската сала „Кале“ во 2012 година, екипата на Кометал Ѓорче Петров ја славеше титулата шампион на Европа, а таму своите натпревари ги играше и одбојкарската репрезентација.

Челниците на Кошаркарската федерација, најавуваат дека „Кале“ќе биде комплетно реновиран.