дома Македонија ЗАБОРАВЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ БОРЕЛЕ ПРОТИВ ФАШИЗМОТ: Македонци кои за време на...

ЗАБОРАВЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ БОРЕЛЕ ПРОТИВ ФАШИЗМОТ: Македонци кои за време на Втората Светска војна биле дел од американската армија

За време на Втората Светска војна над 16 милиони луѓе од Соединетите Американски Држави служат во американската војска, а истите се регрутирани во седум наврати во периодот од 16. октомври 1940 година до 31. декември 1943 година.

За нас е интересно што помеѓу опфатените со овие регрутации има и голем број што се со потекло од Македонија и во документите со кои станувале дел од армијата како земја на потекло ја наведувале Македонија.

Како што може да се види од долу прикажаните картички, тие не ја заборавиле својата родна земја и во полето “Birth State Or Country” (родна земја) истакнале дека се од “Macedonia” (Македонија).