дома Европа ЗАБОРАВЕТЕ НА ГЕРМАНИЈА: Забрана за влез на граѓани кои не се од...

ЗАБОРАВЕТЕ НА ГЕРМАНИЈА: Забрана за влез на граѓани кои не се од ЕУ

Германија планира да ја продолжи забраната за влез на граѓани од земји кои не се членки на Европската унија до 31 август, тврдaт неименувани извори од германската влада за Ројтерс, а таква одлука наводно ќе биде донесена утре, пренесува Б92.

Германија ќе ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.