дома Македонија ЗАБРАНАТА НЕ ВАЖИ ЗА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: Забраната за движење на возила не...

ЗАБРАНАТА НЕ ВАЖИ ЗА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: Забраната за движење на возила не важи за дипломатите од амбасадата на САД!

Очигледно забраната за возење автомобили на Водно во текот на викендите не важи за секого, барем така може да се види според фотогафиите кои се појавија на социјалните мрежи.

Имено, од овој викенд градот Скопје, предводен од Петре Шилегов донесоа одлука да се забрани движењето на автомобили на Водно. Но за Шилегов и градот Скопје, забраната не важи за секого, за обичните граѓани да, а за дипломатите не.

На социјалните мрежи поради ова веднаш се појавија реакции од граѓаните.

-Забраната за возила на Водно важи за обични смртници. За дипломати ц. Така дома да си правите, е еден од коментарите на социјалните мрежи.