Забpaнeт влeз вo Бугарија за сите пaтници од Македонија, ocвeн пoлитичapи и медицинcки лицa, нo co дoкaз зa вakцинaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија на 27 август донела одлука со која се забранува влез за граѓани кои доаѓаат од земји кои се на Црвената листа поради Ковид-19 пандемијата.

„Ги воведуваме следните привремени анти-епидемиски мерки во врска со влез на лица што пристигнуваат од други земји на територијата на Република Бугарија, од 1 септември 2021 до 30 ноември 2021 година“, е дел од одлуката на која е потпишан бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров.

Македонија влегува во Црвената зона на земји, заедно со Соединетите Американски Држави, Индија, Бангладеш, Непал, Шри Ланка, Туркменистан, Монголија, Колумбија, Уругвај, Аргентина, Куба и други.

Останати земји од регионот на чии граѓани не им е дозволен влез во Бугарија се Косово и Црна Гора, кои исто така се наоѓаат на Црвената листа.

Од оваа одлука изземени се високите државни претставници, медицинските лица, вработените во хуманитарни организации, бугарските државјани, или оние кои одат по бугарско државјанство, граѓаните на земјите членки на ЕУ, сезонски земјоделски работници и работници во областа на туризмот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This