дома Македонија ЗАВРШЕН ЗБОР НА АДВОКАТИТЕ И ТЕРОРИСТИТЕ: Привршува судењето за терористичкиот напад во...

ЗАВРШЕН ЗБОР НА АДВОКАТИТЕ И ТЕРОРИСТИТЕ: Привршува судењето за терористичкиот напад во „Диво Насеље“

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за случајот „Дива населба“, на кој завршен збор треба да дадат адвокатите, а по нив и 37. обвинети за тероризам и терористичка организација.

На претходното рочиште Обвинителството во завршните зборови побара од Судот обвинетите да бидат огласени за виновни, бидејќи има цврсти докази дека се сторители на кривичните дела. Обвинителството за сите 37 обвинети побара доживотен затвор.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.