Завршија зaд peшeтки: Пpитвop зa двajцaтa apaчинoвци кoи oгpaбиja бaнкoмaт вo Гостивар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двете лица кои беа осомничени за тешка кражба на банкомат во Гостивар добија притвор од 30 дена од судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар. Од СВР Тетово потврдија дека Н.Р (47) и А.Б.(36) од Арачиново се спроведени во КПУ Затвор Скопје-Скопје.

По нешто повеќе од еден месец истражни дејства, Одделението за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на први минатиот месец беше извршена од банкарски банкомат, поставен во маркет во Гостивар. Вчера до ОЈО Гостивар беше поднесена кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47) и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против М.К. (24) од Република Албанија.

Н.Р и А.Б. беа лишени од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело. Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле милион и 800 илјади денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This