дома Свет ЗАВРШИ „БАЈКАТА“: Британија доби „амин“ за напуштање на ЕУ

ЗАВРШИ „БАЈКАТА“: Британија доби „амин“ за напуштање на ЕУ

Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен и Шарл Мишел, претседател на Советот на ЕУ, денеска го потпишаа договорот за излез на Велика Британија од Европската унија, со што се отвора можноста за ратификација од страна на Европскиот парламент.

Фон дер Лајен за тоа информираше на Твитер.

Вчера, Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент на итна седница го одобри договорот за „брегзит“.

Гласањето во Европскиот парламент е на 29 јануари, по што документот ќе биде официјално одобрен од Советот на ЕУ.