дома Балкан ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО СРБИЈА: Резултати се очекуваат околу 22 часот

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО СРБИЈА: Резултати се очекуваат околу 22 часот

Гласачките места во Србија се затворени во 20:00 часот. Право за глас за еден од 11-те кандидати за претседател имале 6.724.949 граѓани.

Спрема податоците на Републичката изборна комисија до 18 часот правото на глас го искористиле 46,92 проценти од гласачите, додека на Ипсос до 19 часот гласале 49,8 проценти.

Претставниците на сите организации, вклучувајќи ги и невладините, кои ги следеле гласачките места се согласиле дека гласањето поминало во најдобар ред, односно, немало никакви значајни неправилности.

Како што најави и претседателот на Републичката изборна комисија Владимир Димитријевиќ, први прелиминарни резултати се очекуваат околу 22 часот.