дома Европа Заврши петчасовната средба меѓу Путин и Лукашенко

Заврши петчасовната средба меѓу Путин и Лукашенко

Заврши средбата во Сочи меѓу претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко која траеше повеќе од пет часа изјави, за Спутник портпаролот на Кремlin, Дмитриј Песков.

Лидерите на двете земји разговараа за актуелните прашања, вклучително и за ситуацијата во врска со слетувањето на авионот на Рајан Ер, кој од Атина леташе кон Вилнус. Лукашенко изјави дека му донел документи на Путин кои ќе покажат што навистина се случува во Белорусија.

Претседателите се осврнаа и на прашањата за економска и енергетска соработка . Путин го забележа растот на трговијата меѓу двете земји и додаде дека пуштањето во употреба на првиот блок на белоруската нуклеарна централа ќе биде во јуни.