дома Актуелно ЗАВРШИ СРЕДБАТА, ЗАЕВ НЕ УСПЕА ДА ПРОДАДЕ ДОВОЛНО: Ништо од договор помеѓу...

ЗАВРШИ СРЕДБАТА, ЗАЕВ НЕ УСПЕА ДА ПРОДАДЕ ДОВОЛНО: Ништо од договор помеѓу ДУИ и СДСМ, Заев си замина од Мала Речица со празни раце

Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за шест месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат – рече Заев


Нема договор на вечерашната средба во Мала Речица меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

По излегувањето од седиштето на ДУИ, Зоран Заев рече дека надминале голем дел од разликите, но сè уште нема конкретен договор.

– Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за шест месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат – рече Заев.

Тој додаде дека постигната била согласнот за рамномерна распределба на буџетските средства за регионален развој.

„Со претседателот на СДСМ беа разгледани сите важни прашања во врска со решавање на проблемите и контактите ќе продолжат и понатаму за да се изнајде најдобро решение за граѓаните на Македонија, решение кое ќе донесе стабилност во сите области. Раководните органи на ДУИ ќе продолжат со анализа на сите опции кои се претставени пред јавноста и ќе видиме за каков избор ќе се одлучиме и што е прифатливо и корисно за земјата и граѓаните. Секако, разговаравме за многу работи кои не се усогласени“ – изјави Ахмети по средбата, и додаде дека не било разговарано за коалиција.