April 24, 2024, 12:50 pm

Заврши средбата на претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство, еве што беше одлучено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска на покана на премиерот Заев во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот.

Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

Заеднички се констатираше дека на Македонија и на граѓаните на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Македонија.

Коалиционите партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This