дома Свет ЗАГИНА РУСКИ ГЕНЕРАЛ ВО СИРИЈА: Руски генерал загинал во напад на Дејр...

ЗАГИНА РУСКИ ГЕНЕРАЛ ВО СИРИЈА: Руски генерал загинал во напад на Дејр ел Зор!

Рускиот генерал-поручник Валериј Асапов загинал во Сирија откако терористите на ИСИС го гранатирале градот Дејр ел Зор, соопшти руското министерство за одбрана. Како што се наведува во соопштнието, Асапов се наоѓал во командниот центар на сириските сили и пружал помош на тамошните команданти за време на ослободување на Дејр ел Зор од терористите

„По неочекуваниот напад на терористите на ИСИС Асапов се здобил смртна рана од експлозијата на минофрлачките гранати“, се наведува во соопштението.
Генералот-поручник Асапов, како што додава Министерството, постхумно ќе му биде доделено државно одликување.