дома Балкан ЗАГРЕБ ГО ПОГОДИ СИЛНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град со големина на орев

ЗАГРЕБ ГО ПОГОДИ СИЛНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град со големина на орев

Во попладневните часови, делови на Загреб и околината ги погоди изненадно невреме, попратено со обилен дожд, силен ветер и град со големина на орев.

Како што пишуваат хрватските медиуми, во околината на Загреб страдале земјоделските посеви.

Иако невремето траело само дваесетина минути, тоа било доволно за да ги исплаши загребчани.

Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и утре.