Задолжителен кapантин од 21 ден за сите невaкцинирани натпреварувачи на олимписките игри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На два месеци пред почетокот на Игрите во Пекинг, Интернационалниот олимписки комитет и организаторите на најголемото спортско натпреварување го објавија дополнувањето на протоколот за превенција од ширење на инфекцијата со корона вирусот.

Според протоколот спортисти и членови на делегациите кои не се вакцинирани по пристигнувањето во кинеската престолнина ќе мора да минат 21 ден во карантин, а за непречен влез во Кина секој од учесниците ќе мора да ја прими втората доза најмалку 14 дена пред патувањето.

Во протоколите има посебни делови кои се однесуваат на спортистите, членовите на делегациите, новинарите и останатиот дел од помошниот персонал, а секој од нив ќе биде тестиран пред влегувањето од олимпиското село и пред настапот на борилиштето.

Сите учесници во текот на Игрите ќе бидат изолирани од надворешната средина и нема да имаат контакт со надворешни луѓе.

Во текот на натпреварувањата ќе важат посебни правила за сместување и транспорт. Олимписки Игри во Пекинг ќе се одржи во периодот од 4 до 20 февруари до следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This