Задолжитeлна вaкцинација за сите вработени вo авиокомпанијата „Визер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авиокомпанијата „Визер“ објави дека од 1 декември 2021 година ќе бидат потребни вакцинации против Ковид-19- или редовно тестирање на антиген/ПЦР тест во специјални случаи – за целиот екипаж, па затоа ќе воведат вакцинација за вработените

Велат дека истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19.

„На почетокот на пандемијата, ‘Визер’ беше пионер во воведувањето на строги здравствени и безбедносни мерки за заштита на патниците и членовите на екипажот, обезбедувајќи максимални санитарни услови и поддржувајќи физичко дистанцирање. Како што продолжува пандемијата, ‘Визер’ е меѓу првите европски авиокомпании што дополнително ги зајакна своите заштитни мерки со оваа политика, која ќе се спроведе во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции низ базите на ‘Визер’“, велат од авиокомпанијата.

Жозеф Варади-извршниот директор на „Визер“ групацијата изјави:
„Во ‘Визер’ нашиот приоритет број еден е здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Ние имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This