дома Политика ЗАЕВИ ЌЕ СИ ГО ЛЕГАЛИЗИРААТ И РЕКЕТОТ: Братот на Зоран, Вице Заев...

ЗАЕВИ ЌЕ СИ ГО ЛЕГАЛИЗИРААТ И РЕКЕТОТ: Братот на Зоран, Вице Заев влегува во бизнисот со обезбедување за да може да рекетира бизниси!

Вице Заев, братот на „амбасадорскиот премиер“, Зоран Заев прави агенција за обезбедување во која ќе бидат ангажирани локални криминалци и насилници. Во оваа агенција главен збор ќе имаат струмички криминалци. 

Според информации кои за Журнал.нет ги дадоа лица блиски до Вице, агенцијата покрај за заштита на имотот и функционерите на СДСМ, ќе биде користена за „легално“ рекетирање и уценување на компаниите и бизнисмените ширум Македонија да ги прифатат нивните услуги за обезбедување на нивниот имот. Собраните пари преку овој „легален“ рекет ќе бидат наменети за црните фондови на СДСМ кои ќе се користат во предизборната кампања за купување на гласови на претстојните локални избори што претставува дел од изборниот фалсификат за кој подолго време се зборува во кулоарите блиски до СДСМ.

Вице брза со регистрирањето, односно превземањето на агенцијата за обезбедување пред почетокот на изборната кампања која започнува на 25 септември 2017 година во 00:00 часот, за да можат да бидат ангажирани „луѓето во црно“ за обезбедување на партиските митинзи и да ги покриваат активностите на кандиатите за градоначалници.

По ова, братот на Зоран Заев, преку оформувањето на својата мрежа, фронтално ќе влезе во битка за освојување на овој профитабилен бизнис, со што ќе може да ги ангажира своите криминогени структури за „превласт“ и за контрола над партиските обезбедувачи и да го превземе приматот од агенцијата на Бранко Бојчевски, ОСА која е задолжена за обезбедување на СДСМ.

Како поддршка и заштита на криминалните дејствија на „бандата на Вице“ ќе бидат ангажирани „матните“ припадници на партиската полиција на Оливер Спасовски која, според планот кој го имаат детално разработено, ќе треба да дејствува како потпора и да го заштитува братот на Зоран Заев доколку некој од сопствениците пријави во полиција дека му е вршен притисок и рект.

Со влегувањето во овој бизнис, Зоран Заев, сокриен зад неговиот брат Вице, ќе воспостави своја партиска агенција. Но, покрај партиското обезбедување, ќе го добе и обезбедувањето на сите клучни објекти во државата. Штом кланот Заеви ќе го добијат тоа, пазарот ќе може да го прошириат и низ приватните компании, односно да вршат притисок и рекет кај магнатите. Со поддршка на Заев и Спасовски, ќе добијат пристап насекаде, под превезот и заштитата на владејачката СДСМ и МВР, многу е полесно да се добијат односно ќе изнудат клиенти во бизнисот.

Инаку, што се однесува за Скопје, имаат посебен план според кој ќе бидат ангажирани едни од најдоверливите струмички криминалци кои заедно со свои соработници од Грчец ќе стават рака и контола врз скопското подземје.