дома Актуелно Заев: Банално е друг да го води СДСМ

Заев: Банално е друг да го води СДСМ

По денешната изјава дека е банално да се разговара за оставките и одговорност на премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче за трагедијата во Тетово, каде во пожарот во модуларната болница животот го загубија 14 лица, Заев во вечерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Само вистина“ На Канал 5 изјави дека банално е да се замени и Заев во СДСМ.

Имено, Мицкоски реагираше на денешната изјава на Заев потенцирајќи дека не е банална, затоа што 14 живот згаснаа предвреме поради неодговорноста на надлежните.

На тоа Заев одговори дека за трагедијата ќе се одговарале додека се живи, но банално е друг да го предводи СДСМ, алудирајќи на барањата за оставки, иако барањата за оставки се за државните функции, не за партиската.

-Банално е дали има некој што може да го замени Заев во СДСМ, некој друг да го предводи СДСМ, да биде нов премиер од СДСМ, рече Заев на ТВ дуелот.