дома Македонија Заев: Благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од успешно спроведување на...

Заев: Благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од успешно спроведување на пописот

Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција. До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица, објави денеска премиерот Зоран Заев.
– Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава. Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември. Продолжуваме заедно, до успешен Попис2021, објави на Фејсбук, премиерот Зоран Заев