дома Македонија Заев: „Блaгодарам дo мojaтa дpyгapкa Шeкepинcкa“

Заев: „Блaгодарам дo мojaтa дpyгapкa Шeкepинcкa“

Имајќи предвид дека ова изборен конгрес на кој ќе се бира нов состав на ЦО на Надзорниот одбор, а потоа и ново раководство на партијата, ја користам оваа прилика, да им се заблагодарам на сите кои беа дел од досегашното раководство на партијата, рече денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 26. изборен конгрес на партијата.

Тој се заблагодари на заменик претседателката Радмила Шекеринска за досегашната соработка. Шекеринска денеска, заедно со Заев, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Мухамед Зеќири, Коста Петров, Мила Царовска , Душко Весковски, Марко Михаиловски, Снежана Калеска Ванчева и Сања Лукаревски е дел од предлог – работното претседателство, кое беше усвоено од делегатите со 700 гласови „за“, пет „против“ и пет „воздржани“.

– Благодарам другарки и другари што се вклучивте во важни државнички процеси, што дадовте придонес успесите како на партијата така и на државата. Благодарност до мојата другарка Радмила што беше моја заменичка во најтешките години, кога земјата ја извадивме на прав пат. Продолжуваме заедно. Пред социјалдемократското семејство се нови успеси. Успеавме до сега а сега имаме нова обврска повторно да успееме, за граѓаните , за државата, за иднината, рече Заев.