дома Македонија ЗАЕВ: Верувам дека граѓаните ќе дадат сериозна поддршка на ваквите политики и...

ЗАЕВ: Верувам дека граѓаните ќе дадат сериозна поддршка на ваквите политики и овој пат по кој се движиме

Промена на власта нема да се случи, но не заради заканите. Семејството Заеви добивале закани и закани од режими, па еве, во најава и од некој нов режим. Дадов ветување дека режим никогаш повеќе нема да има, и ќе се борам тоа да не се случи никогаш повеќе. Верувам дека граѓаните ќе дадат сериозна поддршка на ваквите политики и овој пат по кој се движиме, затоа што никој и не понудил друга алтернатива, изјави во интервју за „Дојче веле“ премиерот во заминување Зоран Заев.

Како што вели во интервјуто премиерот во заминување Заев, тој немал страв од никој и ништо, ниту тој, ниту неговото семејство.

На прашањето на „Дојче веле“ дека опозицијата најавува дека ги следи судските процеси за некои актуелни афери, и ако почувствува дека отстапуваат од некоја очекувана насока, дополнително ќе објави некакви сознанија, Заев, прашан дали стратува од таков тип на сознанија за кои се најавува дека можат и него да го дискредитираа, вели:

Низ ваквите најави чувствувам дека нашето општество будно и внимателно следи се. Ако некој поседува некаков вид на докази и аргументи, значи некој имал порив да реагира на некои извитоперени, незаконски работи што се случувале, и им ги предал на опозицијата. Јас добивав многу материјали како шеф на опозицијата, и должност на опозицијата е да биде главниот коректив. Должност и е да и дише во врат на власта, должност е да пријави, а не да се заканува. Треба тоа да го пријави веднаш. Ако одлучила дека ќе следи, треба да пријави веднаш. Само на тој начин можеме да заздравиме докрај како општество и да се трансформираме. Јас сум толку растоварен. Знам дека немам лоша мисла, а не да сум правел нешто лошо. Јас сум човекот со црвената папка кој се бореше за слободата и демократијата, знам како се борев против рден режим и немам никакви предрасуди. Мојата желба и моето очекување е сите алатки на колективноста во нашето општество да функционираат со полна сила. Тоа ќе ја забрза трансформацијата на процесите на подобро и на тој начин ќе се европеизира земјата, изјави премиерот во заминување во интервју за „Дојче веле“.