дома Политика ЗАЕВ ВО 1% НАЈБОГАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: На реклами зборува за социјална правда...

ЗАЕВ ВО 1% НАЈБОГАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: На реклами зборува за социјална правда и ги колне тие што биле дел од тие 1%!

Дека Зоран Заев од изјава во изјава се демантира не е ништо ново. Неодамна тој скормно соопшти дека доаѓал од семејство од средна класа, но изгледа заборавил дека претхоно во неколку свои излагања самиот потврди дека има капитал од околу 6-7 милиони евра. Додека тој вели дека скоро целото богатсво во Македонија е во рацете на само еден процент богати и привилегирани, во исто време не негира дека 90 проценти од неговото богатство го заработил за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

За тоа како опозицискиот лидер стигнал до милионите, а „останал во средната класа“ веќе беше објавуваванo за работењето на фирмите на Заеви, на неговиот татко, неговиот брат Вице, неговиот чичко, братучед, братучетката, стрина… кои се јавуваат како сопственици или управители на десетина фирми од кланот Заеви кои, а само во 2013 и 2014 година свртеле околу 45 милиони евра.

Голем дел од бизнистите се правеле и како заработки од тендери на Општина Струмица каде што Зоран Заев е градоначалник.

Како тоа со милиони во џеб се останува во средна класа, може да објасни само Заев…