дома Македонија Заев ги излажа граѓаните дека не се возел со „Мерцедесот“ С600

Заев ги излажа граѓаните дека не се возел со „Мерцедесот“ С600

Премиерот Заев уште еднаш ја излажа јавноста дека не се возел со „Мерцедесот“. Во медиумите имаше ексклузивни снимки,  кои докажуваат дека не бил сам, туку друштво му правела и Радмила Шекеринска.

Иако жестоко говореа против набавката на „Мерцедесот“, без срам премиерот си ги погази сопствените ветувања и го користеше ова возило.

Зоран Заев и денес на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно ја излажа јавноста дека не го користел блиндираниот Мерцедес С600. Пред фактите и Боговите молчат, а факт е дека Заев откако стана премиер беше снимен како се вози со Мерцедесот потценувајќи ја интелегенцијата и паметењето на граѓаните.

Често кога ќе има посета на некој висок функционер од странство тој се превезува со ова возило за кое често од истиот премиер слушавме дека е непотребно, а сега гледаме дека се користи без исклучок.

Пример за користење на ова возило за високи гости е гостувањето на Генералниот секретар на НАТО Столтнбрг во Република Македонија, а подоцна и не многу одамна и при посетата на Тереза Меј премиерка на Велика Британија.

Се поставува едноставо прашање „доколку нема потреба од ова возило во државата, зошто премерот го користи, а го користи и за странски делегации, кога гостуваат во нашата држава?“.