дома Актуелно ЗАЕВ ГИ ОБВИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ОМРАЗА И НАЦИОНАЛИЗАМ: Каде Заев виде национализам...

ЗАЕВ ГИ ОБВИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ОМРАЗА И НАЦИОНАЛИЗАМ: Каде Заев виде национализам и омраза во македонската политика кон соседите?!

Зоран Заев при посетата на Бугарија изјави дека Македонија го затвора поглавјето на национализам и омраза.

 

– Јас испраќам порака и до Бугарија и до Грција, Македонија денеска затвора едно поглавје на историја, на национализам, на омраза, изјави Заев во Софија.

Но, каде Заев виде национализам и омраза во македонската политика кон соседите?

Претходната влада која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ниту еден потег не водеше националистичка политика кон соседите, ниту пак политика на омраза кон нив.