дома Политика ЗАЕВ ГИ СОБРА КРИМИНАЛЦИТЕ ОД БИТОЛА: Зоран Заев им се заблагодари на...

ЗАЕВ ГИ СОБРА КРИМИНАЛЦИТЕ ОД БИТОЛА: Зоран Заев им се заблагодари на битолските криминалци за поддршката!

Попладневно, наместо во суд на рочиште поради кривично гонење, Зоран Заев се упати во Битола за да одржи говор на кој им се заблагодари на криминалците за поддршката која му ја дале за време на изборите

Меѓу насобраните можеа да се видат и браќата Игор и Васко Ангеловски, синови на поранешен Јавен обвинител Стив Ангеловски познат по блиските врски со криминалното подземје од Битола и нивен заштитник.

Можеа да се забележат и лица како еден поранешен вработен во Комерцијална Банка, избркан заради сомнеж за криминални активности во Банката.

Во насобраната толпа, забележан е и „Укачот“ како што му е надимакот меѓу битолчани, за кој постои сомнение дека се занимава со трговија со наркотични средства, чиј брат пак сеуште издржува казна затвор.

Собирот во Битола беше сличен и на оној во Скопје, Заев им се заблагодари на криминалците за поразот кој го доживеаа на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.