дома Македонија ЗАЕВ ГИ СKAРА АЛБАНЦИТЕ: Чаушот го брани пред сопартијците

ЗАЕВ ГИ СKAРА АЛБАНЦИТЕ: Чаушот го брани пред сопартијците

Викендов албанските медиуми објавија вест дека младите Албанци-членови на СДСМ од Куманово се незадоволни од политиките на СДСМ во овој град и дека му даваат ултиматоум на претседателот на партијата Зоран Заев од еден месец, пред да преземат мерки.

Оваа реакција пpeдизвика раскол меѓу Албанците во партијата.

Хади Османи, координатор за меѓуетнички прашања во СДСМ Куманово, на Фејсбук коментира дека само тој има право да зборува во името на Албанците на СДСМ.

Ако некој може да реагира во име на Албанците на СДСМ тој сум јас, а не лицата кои јас сум ги донел во седиште да им ја исполнам желбата да се сликат со Заев. Треба да се почитува хиерархијата и редот. СДСМ исполнил многу ветувања кои им ги дал на граѓаните, ќе исполни и многу ветувања и други проекти. Тие кои веруваат на концептот мислат на долгорочни патеки, а оние кои веруваат на личниот интерес дават ултиматуми, пишува Османи.

Неговите, пак зборови, го разбудија Захир Бекири Чауш, кој смета дека е капо ди тути капи Албанец во СДСМ. Сепак, Чаушот не само што е нeзадоволен од Албанците на СДСМ, меѓу кои и истурените Мухамед Зекири и Едмонд Адеми, туку и од голем дел од раководството на партијата.

Хади Османи ме молеше да те поврзам со некој од СДСМ, си заборавил? Али во твое село имал 14 гласови! Ти и Муки тежите 20 грама. Хади Османи, Муки, Едмонд Адеми и многу други слободно и четврт функционери од цела власт соберете се на една страна, јас на една со мои пријатели, фала богу ќе тежиме 100 пати повеќе. Затоа ќутете, не ме терајте да ве понижам до дно сите гореспоменати. И не заборави Џеват Кицара да го земете… Јас стојам зад ова напишано. И секој член на СДСМ може да реагира ако е незадоволен инаку книшката оди во канта! Капиш Хади мади муки куки, пишува Чаушот на Фејсбук.