дома Социјални Мрежи ЗАЕВ ГО АМНЕСТИРА, ТОЈ КРАДЕ: Лице кое доби амнестија од Заев, само...

ЗАЕВ ГО АМНЕСТИРА, ТОЈ КРАДЕ: Лице кое доби амнестија од Заев, само што излегол од затвор извршил кражба

Скопјанец затекнал крадец како пребарува во дневната соба од неговата куќа, по што тој физички го нападнал и побегнал. Бегајќи на крадецот му испаднале парите што ги украл, а кусо потоа бил пронајден и приведен од полицијата.

– На 12 февруари 23:20 часот во СВР Скопје Д.Т. телефонски пријавил дека на ул.„Македонска преродба“ во куќа, го затекнал М.Д. (21) како претура во дневната соба, но откако М.Д. забележал дека бил виден од пријавителот, физички го нападнал, по што го напуштил местото на настанот, информира МВР.

М.Д., според полицијата, украл неутврдена сума на пари кои му испаднале додека бегал. Тој по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен во ПС Ѓорче Петров, и во него биле пронајдени 5.500 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци, на својот ФБ профил тврди дека се работи за извесен Мартин Димовски кој неодамна бил ослободен во рамки на Законот за амнестија кој по предлог на владата го изгласа Собранието.

Досега, согласно новиот закон ослободени се околу 800 осуденици.