дома Македонија ЗАЕВ ГО БАРАЛ ГРУЕВСКИ ОД УНГАРСКИОТ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ: Очекувам дека Унгарија ќе постапи...

ЗАЕВ ГО БАРАЛ ГРУЕВСКИ ОД УНГАРСКИОТ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ: Очекувам дека Унгарија ќе постапи согласно европските начела и ќе го екстрадира Груевски

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во рамките на дводневната работна посета на Португалија учествуваше во работата на Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

За време на конгресните активности Заев остварил средба со Берталан Тот, претседател на сестринската Социјалистичка партија на Унгарија.

  • Ова беше прва средба која двајцата соговорници ја искористија за запознавање, и на која претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ на Тот му го честиташе изборот за претседател на унгарската Социјалистичка партија, со која СДСМ споделува заеднички вредности и визија за обединета и прогресивна Европа, како фер, слободна и одржлива, пишува во партиското соопштение.

Заев му се заблагодарил на Тот за поддршката што Унгарија ја дава за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Двајцата соговорници се согласиле дека владеењето на правото е темелна вредност на ЕУ.

  • Очекуваме да продолжи конкретната поддршка за зајакнување на владеењето на правото, и дека унгарските институции ќе постапат согласно европските начела и меѓународните конвенции, и дека ќе обезбедат екстрадиција на Никола Груевски“, рече Заев на средбата со Претседателот на сестринската Социјалистичка партија на Унгарија, остварена за време на Конгресот на ПЕС во Лисабон.