дома Македонија ЗАЕВ ГО ЗАГУБИ ТРПЕНИЕТО: Прашањето за законот за јазици го налути Заев,...

ЗАЕВ ГО ЗАГУБИ ТРПЕНИЕТО: Прашањето за законот за јазици го налути Заев, па предвиде пораз на опозицијата ако не го изгласа законот!

Ако почне расправата за илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците ќе бидат потребни најмалку 6 месеци за да се завршат сите. Овие амандмани се поднесени за неуставноста и ако се има малку разум ќе се даде можност за законот да се усвои, изјави премиерот Зоран Заев по двочасовната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Владата.

Тој рече дека нема разумни решенија помеѓу власта и опозицијата за законот. Како што рече тој, Собранието не е толкувач дали е уставен или не некој закон. Според Заев, Уставниот суд е тој што треба да се произнесе за законот.

Премиерот повтори дека ако законот се пушти во процедура, осдносно ако почне амандманска расправа која би траелa шест месеци, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде виновно за блокирање на процесите во државата.

„Не смееме да дозволиме Македонија да биде блокирана во следните 6 месеци кои се важни за евроинтеграциите. Тоа значи дека процесите ќе останат блокирани и по самитот на НАТО во јуни. Апелирам на разумност“, рече Заев.

На прашањето зошто СДСМ не го повлече законот за јазици по примерот на законот за бранителите, Заев изјави дека овие два јазици немале никаква допирна точка, и дека од законот за јазици „никој нема да умре“.

Според Заев, законот за јазици е нешто што мора да се спроведе, и е есенцијално кон евроатлантските интеграции.

Тој предвиде пораз на ВМРО-ДПМНЕ ако не се согласи да го поддржи овој закон, иако јасно е дека мнозинството на граѓани е против ваквото несреќно и неуставно решение.

Репортер
Борислав Стоилковиќ
Инфомакс.мк