дома Македонија ЗАЕВ ГО ПРЕДЛОЖИЛ ИМЕТО ,,ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“

ЗАЕВ ГО ПРЕДЛОЖИЛ ИМЕТО ,,ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“

Името „Илинденска Македонија“ (што означува два историски настани од 1903 и 1945 година), според информации кои доаѓаат од страна на ФИРОМ, му го предложил Зоран Заев на Алексис Ципрас на последната нивна средба во Софија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Очигледно ова решение не е дефинитивно бидејќи слични имиња беа ставени на маса во соседната земја и во неодамнешно минато (на пример Крушевска Македонија). Исто така, не е јасно дали Атина го прифаќа ова име и е основа за дискусија за можно решение или, пак, тоа е само потег на македонската Влада за преговорите да добијат реален импулс“, пишува весникот.

Весникот, исто така, пишува дека Ципрас за време на викендов ќе ги информира претседателот на државата и политичките лидери за што разговарал со неговиот македонски колега.

Заев вчера на прес-конференција во Скопје посочи дека  има можно решение за кое ќе се дискутира поединечно во двете држави. Во однос на решението потенцира дека станува збор за комплетно решение во кое е вклучена употребата на името, јазикот, идентитетот и опсегот на употреба, а не само парцијално.