дома Политика ЗАЕВ ГО УЦЕНУВА АХМЕТИ СО ЗАТВОР: Албански медиуми пренесуваат дека Заев му...

ЗАЕВ ГО УЦЕНУВА АХМЕТИ СО ЗАТВОР: Албански медиуми пренесуваат дека Заев му се заканил на Ахмети со СЈО!

Политичката ситуација во Македонија е доста сложена и се чини дека причината е формирање на нова владина коалиција. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија на изборите во македонскиот блок со 51 пратеник а СДСМ чиј лидер е Зоран Заев е втора со 49 пратеник. Практиката на изборите во Македонија е тоа дека секогаш има еден вид на договор помеѓу оние кои ќе бидат победници на македонска и албанската страна да формираат коалиција. Но овој пат тоа не се случи, пишува албански Егзит.

Со последните јавни пораки на Богоевски од СДСМ се потврдува тоа дека СЈО е партиски инструмент кој се користи за пресметка со неистомисленици и уцена кон ДУИ , пишува порталот.

Во СДСМ мислат дека Али Ахмети и неговата партија треба да ги молат за да оформат коалиција и ако ова не се случи тогаш во игра може да се вклучи СЈО кој што е блиска со Заев.
„Дали знаете дека Али Ахмети и нема никаква политичка математика која ќе ги спаси од можна истрага на СЈО“ напиша Богоевски во неговиот Фејсбук профил.
„Не само Ахмети туку и сите негови соработници не можат да се спасат од моралната, политичката и криминалната одговорност, продолжува Богоевски и додава дека Ахмети се уште не одговорил на поканата на СДСМ за формирање на Влада.
Реакцијата на Богоевски не е случајна имајќи во предвид дека тој беше на чело на протестите во Скопје кои што беа вештачки и наречени „Шарена револуција“ истите финансирани од Сорос и невладини организации кои тој ги финансира.