дома Актуелно ЗАЕВ ГО ФАТИ ЏАДЕТО: Лидерот на СДСМ попладнево забележан на излез од...

ЗАЕВ ГО ФАТИ ЏАДЕТО: Лидерот на СДСМ попладнево забележан на излез од државата на ГП Богородица!

Зоран Заев отиде да се теши по претрпениот пораз на предвремените парламентарни избори и да ја чека Новата Година во хациендата во монденското Калистрас на Халкидики

Тешко претрпениот пораз, по кој Заев вети дека ќе си даде оставка имал силен ефект врз лидерот на опозицијата, па тој решил Новата година да ја дочека во својата хациенда во Калистрас, Грција каде што ќе го бара неговиот психички мир.

Минатото лето пишувавме за хациендата на Заев во монденското место Калистрас, каде што престојуваше и Катица Јанева заедно со, од засега непотврдени информации, шурата на Драган Павловиќ – Латас.

Зоран Заев во моментов се соочува со силни притисоци од партиското членство, кое не се согласува со тезата на раководството на партијата предводено од двоецот со Шеќеринска, дека СДСМ всушност победила на изборите, иако поразот е повеќе од јасен.

Голем дел од членовите и поддржувачите бараат оставка и одговорност од Заев и неговото раководство.