дома Македонија Заев, Димитров, Шекеринска, Османи дозволуваат некој да го пoнижувa македонскиот народ, кој...

Заев, Димитров, Шекеринска, Османи дозволуваат некој да го пoнижувa македонскиот народ, кој го застапуваат во Владата

На тема говор на омраза, вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, во 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека актуелната власт односно Заев, Димитров, Шеќеринска и останатите дозволуваат странски политичари до вршат говор на омраза кон македонскиот народ

Ксенофобијата е многу лоша после скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев, оргомен број на реакции од страна на граѓаните, но и од друга страна странски политичари кон македонските политичари и македонскиот народ, каде што на некој начин се обидуваат да наметнат потчинетост на нашиот народ што е неопростливо и неоправдано, посочи портпаролот.

А од друга страна пак вели Арсовски нема никаков коментар од страна на Владата, што нaзачи дека Заев, Димитров, Шекеринска, Османи и останатите молчат значи дозволуваат некој да го понижува македонскиот народ, кој го застапуваат во Владата.

За жал имаме таква Влада која дозволува и поддржува очигледно некој да го понижува овој народ, ваква влада нема никаде во светот, влада која не си го заштитува својот народ, истакна Арсовски.

Арсовски посочи исто така дека жали затоа што нема претставник на СДСМ на вечерашната дискусија, затоа што би сакал да поразговара јавно за пуленот на СДСМ и лидер во говор на омраза, Бранко Тричковски.