дома Македонија ЗАЕВ ДОГОВАРА ЦРКОВНИ ЛИТУРГИИ: Заев се надева дека наскоро МПЦ и БПЦ...

ЗАЕВ ДОГОВАРА ЦРКОВНИ ЛИТУРГИИ: Заев се надева дека наскоро МПЦ и БПЦ ќе имаат заедничка литургија

Се надевам дека наскоро ќе има заедничка литургија меѓу бугарската и македонската православна црква, изјави премиерот Зоран Заев од Лондон за бугарската новинска агенцијата БГНЕС.

-Во рамките на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние договоривме дека ќе ги поддржиме сите активности кои ќе придонесат кон продлабочување на соработката меѓу двете земји. Јас се надевам дека наскоро ќе имаме заедничка литургија со Бугарија, рече Заев.