дома Македонија ЗАЕВ: Дојдете пред Школка да го одбележиме Денот на независноста на една...

ЗАЕВ: Дојдете пред Школка да го одбележиме Денот на независноста на една држава

Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да го одбележат Денот на независноста, само што не кажа и никаде во постерите и рекламниот материјал не пишува во која држава се слави независност утре.

Почитувани граѓани, во недела, со почеток во 11 часот, дојдете заедно да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Боите на независноста“, во Градскиот парк, пред Школка. Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма, со настапни на Петко и 5+, Денсерс Јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и Драган Б. Костиќ. Ќе можете да учестувате и во активностите на министерствата, да уживате во традиционална храна од сите краеви на Северна Македонија, да учествувате во спортски активности, да ги погледнете вештините на Армијата и полицијата, да го проверите своето здравје и да научите повеќе за заштитата на животната средина, напиша Заев.