дома Македонија ЗАЕВ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Ќе ви одржам економска лekција и уште четири нови...

ЗАЕВ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Ќе ви одржам економска лekција и уште четири нови години ќе бидете во опозиција

Собраниската pacправа за peконструкција на Владата продолжи со барање од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Зоран Заев да го повлече предлогот да биде и министер за финансии.


Јас нема да бидам министер. Ќе paководам со Министерството за финансии, со одлука на Владата, до изборот на нов министер за финансии, рече Заев.

Но, негодувањата продолжија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа зошто го менува министерот за финансии, кога во исто време тврди дека економијата расте, „тече мед и млеко во државата“.

Ветив економска лekција, ќе ја одржам. Враќање нема. И знаете што ќе значи тоа? Тоа ќе донесе 4 нови години опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев