March 29, 2024, 10:52 am

Заев е cpeќeн штo yштe нeмaмe вakцини: „Пpeднocт e штo Македонија e зeмja co зaдoцнyвaњe co вakцинaциjaтa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји.

-Очекувам масовно прифаќање на вакцините во Македонија. Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцинацијата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите, рече премиерот.

Како што нагласи, ако се вакцинираме што побрзо, толку поскоро ќе ја победиме пандемијата што го смени животот во целиот свет и нашата земја.

-Информацијата дека во недела ќе пристигнат 24 илјади дози вакцини преку Ковакс системот ја знаевме уште пред два три дена, но, синоќа на министерот Филипче му беше потврдено и тој ја објави информацијата. Со оваа пратка може да почне првиот чекор на масовна имунизација на државата, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот на отпочнувањето на изградба на Градски пазар во Делчево.

Тој најави дека деновиве ќе стасаат и други колични вакцини по други механизми.

-Не би сакал да соопштувам детали, но на таков начин ќе се овозможи комплетно рамноправно покривање на теренот секаде во Македонија за да можат сите приоритетни групи така како што се дефинирани да влезат во процесот на вакцинација, рече премиерот.

Заев верува дека ќе биде испочитуван редоследот кој е даден од здравстената комисија, а тоа се покрај здравствените работници, да се вакцинираат и повозрасните, хронично болните…

-Тука се и приоритетите на попишувачите кои треба да тргнат во спроведување на пописот, секако треба да водиме грижа за нашата полиција, нашата војска и понатаму согласно она што значи препорака на здравствените комисии, да го следиме тој процес и да бидеме одговорни граѓани. Само на тој начин ќе ја спречиме заразата да продлжи да се шири и да ја победиме пандемијата, нагласи премиерот Заев.

Тој апелираше граѓаните да продолжат да ги следат мерките и препораките за заштита од коронавирусот и покрај почнувањето на масовната имунизација.

-Граѓаните да внимаваат да ги почитуваат мерките, да не се олабавиме. Иако вацинацијата ќе почне ние ќе мораме уште долг период, уште многу месеци да носиме маски да држиме дистанца, како и да ги почитуваме мерките и препораките на Комисијата за заразни болести, потенцира Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This