дома Политика ЗАЕВ ЗАМОЛИ ДА НЕМАЛО ПОТКУП: Додека во штабовите на неговата партија се...

ЗАЕВ ЗАМОЛИ ДА НЕМАЛО ПОТКУП: Додека во штабовите на неговата партија се прават списоци за тоа кој колку пари да добие!

Зоран Заев на вчерашниот митинг во Штип порача дека поткупот со цел прибирање на гласови нема влијание во Македонија, партиите кои вршат поткуп ги потценуваат гласачите. Додека пак истовремено активисти на социјалдемократскиот сојуз уште од рано наутро непречено вршат поткуп на гласачите во Штип, а полицијата и институциите остануваат незаинтересирани за настаните.

На сред бел ден, комбиња и камиони натоварени со огревно дрво кружат низ улиците и населбите во Штип. Кубици дрво се доделуваат само со даден збор и ветување дека граѓаните ќе го дадат својот глас за СДСМ во вториот круг на локалните избори.