April 25, 2024, 11:16 am

Заев за Рашковски: „Никoj нe e винoвeн дoдeкa нe мy ce дoкaжe винaтa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тендерот за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци за кој денеска беше приведен поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е спроведен согласно законот, изјави премиерот Зоран Заев по прес-конференцијата во Собранието со албанските партии од опозицијата за законот за државјанство.

-Секој е невин додека органите не ја покажат вината. Ова уште еднаш покажува дека нема недопирливи во државата. Сегашниот генерален секретар Мухамед Зекири ги достави сите документи околу постапката и до Јавно обвинителство и Антикорупциска комисија. Од она што јас го видов, постапката е спроведена согласно законот и деловникот на Владата, но Обвинителството ако има други индиции треба тие да ги докаже, а судот да пресуди. Јас немам никакви резерви, ако сум имал ќе сум соопштел. Можеби сум пристрасен можеби не сум, затоа постојан институции кои ќе кажат, рече Заев.

Обвинителството бара притвор за Рашковски, за случајот дека додека бил генерален секретар на Владата набавил софтвер за сообраќајни прекршоци од 81.000 евра кој никој не го користи. Рашковски на 12 април си поднесе оставка од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This