дома Политика Заев знае дeкa влaдaтa ќe пaднe пa зaтoa тepa визaнтиcки игpи, ocвeн...

Заев знае дeкa влaдaтa ќe пaднe пa зaтoa тepa визaнтиcки игpи, ocвeн Заев и Тодоров нeкa ce кандидира за претседател на СДСМ пa нeкa пoбeди пoкyмпиpaниoт

Вештачка радост за наводно мнозинство во Собранието на Заев денес дојде до молење за широка влада, зошто знае дека владата ќе му падне, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

Византиските игри на Заев не го спасуваат од сигурен пораз.

Денес Зоран Заев нуди широка Влада, а неговиот коалиционен партнер Али Ахмети го одбива. А, во суштина и двајцата се договорени.

Бидејќи на Заев му пропадна секој обид за креирање на тензии во ВМРО-ДПМНЕ, препорачуваме неговиот ас и неформален советник Никола Тодоров да се кандидира за претседател на СДСМ како конкурент на Заев па нека победи покумпираниот во таа партија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.