дома Македонија Заев изрази сочувство за cмpттa на принцот Филип

Заев изрази сочувство за cмpттa на принцот Филип

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук изрази сочувство по повод смртта на принцот Филип, војвода од Единбург, кој почина денеска.

– Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 99-годишна возраст и тоа го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.

Војводата од Единбург неколку пати беше хоспитализиран во последните месеци, а пред еден месец му беше извршена операција на срцето.