дома Македонија ЗАЕВ ИМ УДРИ ШАМАР НА 133 ЗЕМЈИ: Промената на Уставот која ја...

ЗАЕВ ИМ УДРИ ШАМАР НА 133 ЗЕМЈИ: Промената на Уставот која ја договорил Заев значи шамар за земјите кои не признале под уставно име

Голем број земји на светот ја имаат признаено Македонија под уставното име, поточно уставното име на Република Македонија го имаат признаено 133 држави.

Според коментарите во јавноста одлуката на Заев да прифати промена на името за севкупна употреба, со што се менува и уставот на државата, претставува шамар за сите овие земји кои ја имаат признаено Македонија.

Инаку премиерот Заев денеска најави дека е согласен да се промени името на државата за севкупна употреба, а новото име да биде Република Илинденска Македонија.

-Сега нам ни треба нов четврт Илинден, во кој ќе се обидиниме повторно, четвртиот Илинден е нашата светла иднина. Со четврт Илинден со евентуален договор за Република Илиденска Македонија неповратно го отвораме патот кон членството во ЕУ и Нато, изјави Заев по денешната лидерска средба.

Ваквиот предлог на Заев е неприфатлив за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се задира и во уставот на државата. А покрај опозицијата која не се согласува, предлогот на Заев го одби и грчкиот премиер Алексис Ципрас.