дома Актуелно ЗАЕВ И АХМЕТИ ИМАЛЕ СРЕДБА ВО СОБРАНИЕТО: Се договарале за понатамошни чекори

ЗАЕВ И АХМЕТИ ИМАЛЕ СРЕДБА ВО СОБРАНИЕТО: Се договарале за понатамошни чекори

Зоран Заев и Али Ахмети се сретнаа во Собранието. Според собраниски извори средбата била во пратеничката група на СДСМ, а се разговарало за можните опции за  избор на нов собраниски спикер.

Нема официјални информации дали нешто е конкретно договорено околу стратегијата која неколку дена ја најавува СДСМ за Собранието да почне да функционира.

Партиски извори од ДУИ велат дека опции кои им се на располагање се, мнозинството да почека да заврши  дебатата во Собранието или пак лидерите на парламентарните партии да најдат излез на лидерска средба – нешто што како можност ја најави минатата недела  лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во меѓувреме во Собранието и натаму тече осмото продолжение на конститутивната седница.