дома Македонија ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ЛАЖАТ: Коѕијас открива дека Комисијата за промена на историските...

ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ЛАЖАТ: Коѕијас открива дека Комисијата за промена на историските учебници започнува на 4-ти ноември!

Владата во Скопје мора да види дали ги засилува или ослабува своите позиции на локалните избори и во зависност од резултатот ќе мора да покаже дали сака и може да спроведе опсежни преговори за прашањето за името.

Ова за грчките медиуми го изјавил шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во врска со односите со пријателската земја на север од Грција како што ја нарекол Македонија.

Според Коѕиас, криење во прашањето за името е проблем на иредентизмот. Тој се надева и верува дека Македонија ќе преземе мерки за ограничување на иредентизмот. Меѓу мерките е и договорот за формирање заедничка грчко – македонска комисија за историјата на земјава.

“На пример се договоривме во Њујорк со многу интересниот министер за надворешни работи на нашиот сосед Никола Димитров да имаме заедничка комисија почнувајќи од 4 ноември. Таа ќе работи 4 месеци – се надевам дека ќе функционира и ќе ја заврши својата задача – чешлање на училишните книги за да го искорени иредентизмот и мапите кои што постојат во учебниците. Тоа е важен чекор кој што веќе презедовме. Ние преговараме и за многу други чекори”, вели Никос Коѕиас.

Предходно македонското МНР во врска со брифингот на Коѕиас за грчките новинари во Њујорк каде тој најави комисија, објави дека е разговарано само за средба на експерти и историчари а не и за комисија.

Според новите позиции на Коѕиас договорот за мешовита комисија за македонските учебници до 4 март ќе треба да донесе препораки за менување на содржината на македонските учебници за кои Грција смета дека содржат иредентистички теми.

Коѕиас не најави дали комисијата ќе се занимава и со грчките училишни учебници.