дома Актуелно ЗАЕВ И НОВАТА ВЛАДА СЕ ПЛАШАТ ОД НАРОДОТ: Седницата тече под...

ЗАЕВ И НОВАТА ВЛАДА СЕ ПЛАШАТ ОД НАРОДОТ: Седницата тече под огромно полициско обезбедување

Под огромно полициско обезбедување тече седницата во Собранието на Република Македонија на која треба да се избере новиот владин состав.

СДСM како поразена партија на изборите одржани во декември минатата година ќе ја формира новата Влада заедно со ДУИ на Али Ахмети и ДР-ДПА на Зијадин Села.

Со нарушувањето на принципот победник со победник, македонската партија која доби мнозинство гласови на изборите е оставена во опозиција, а поразената СДСM во договор со албанските партии формира влада со тесно мнозинство од само 62 пратеника, откако БЕСА одби да учествува во новата влада.

Колку народот ја сака Владата на СДСМ се гледа по тоа колку полиција ги чува од истиот тој народ. Цело Собрание е забарикадирано од полициски сили.