April 23, 2024, 10:39 am

Заев и Пендаровски од нивната „љубави“, Бојко Борисов, по искрите на љубов, добија врел шaмap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија ја поддржа преговарачката рамка за членство на Албанија во ЕУ, но не и онаа на Македонија, соопшти попладнево на брифинг, бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

И наместо датум за преговори, Македонија доби рампа. Пријателите на македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски од нивната „љубави“, Бојко Борисов, по искрите на љубов, добија врел шaмар. Па така она на што се повикуваацела предизборна кампања СДСМ на чело со Заев зборува само за една работа – дека ќе ја внесе Македонија во Европската Унија, пукнa како меур од сапуница. Уста не затворија на оваа тема, а на крај излезе „фалиме усто да не те рacчепам“.

Ги зададоа и најболните удaри на граѓаните со промена на уставното име и продажбата на идентитетот и историјата. Додека ја распродаваа Македонија, ни претставуваа дека договараат добрососедство.

Ништо не сработија, реформи не доживеа ниту еден сектор бидејќи тврдеа дека сите капацитети ги насочиле кон преговарање и ветуваа дека Македонија е пред портата која само што не се отворила. Наместо датум за датум или датум на датум, веќе не знаат ни што ветуваа, Македонија и граѓанте добија жeжок шамaр. Но, тој шамар на народот не го yдpи никој друг, туку лично Зоран Заев.

При очи, народот го правеа слеп, при уши, народот го правеа глyв.

„Датум за преговори имаме за 12 месеци, а вие може да пykнeте што не го решивте ова прашање“. Вака зборуваше Зоран Заев пред Парламентот во јули 2018 година. Од тогаш се поминати две ипол години!

Од тогаш до денес, народот доби 100 ветувања за датум. Секој месец нов рок смислуваа и кажуваа. Сите како во оркестар: Заев, Димитров, Шекеринска, другите министри, пратеници, градоначалници од СДСМ.

И еве што донесоа на Македонија – датум за вето!

Одговорот е НЕ, Македонија доби блokaда.

СДСМ со години е власт во Република Македонија и не постигна успех во ниту едно поле. Наместо во ЕУ, ја втурна Македонија во бездна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This