♦ Давид Геровски – еден од најистакните активисти на младината на СДСМ е поставен како член на Управниот одбор на “ЈСП Скопје“. Освен партискиот критериум не е наведено друг основ зошто овој слеп партиски послушник се нашол на оваа позиција.

 ♦ Благоја Петрушевски – уште еден член на младината на СДСМ кој е поставен во Надзорниот одбор на ЈП “Улица и Патишта“ и за него не се знае како е дојден да биде член на овој одбор.

 ♦ Александар Паталовски – член на СДСМ. Од она што може да се забележи од неговиот Фејсбук профил е голем подржувач на Градоначалникот од редовите на СДСМ во општина Карпош, Стефан Богоев. Овој активист е поставен за член на Управниот одбор на “ЈП Улици и Патишта“.

 ♦ Горан Живосовски е исто така член на СДСМ. И овој партиски активист е вдомен во управниот “ЈП Паркови и зеленило“. Како и по кои критериуми не се знае, а не се знае ниту неговата стручност и начинот како е поставен во овој управен одбор

 ♦ Кристина Пеповска член на управниот одбор на “ЈП Паркови и Зеленило“ . Освен тоа што му го честита јавно родеденот на Заев по кои критериуми е примена на ова место никој не знае.

 ♦ Марија Панчева е следна на листата. И таа како и сите останати членови на СДСМ е вдомена во надзорнот одбор “ЈП Улица и Патишта“. Од она што може да се види е дека е голем обожавател на Заев.

 ♦ Славе Еленовски во наредниот период ќе ги троши парите на граѓаните како член на управниот одбор на “ЈП Градски Паркинг“. И овој активен партиски член на СДСМ освен што е голем обожавател на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и на градоначалникот на Кисела Вода , Филип Темелковски не се знае по кој критериум е одбран да биде во овој одбор.

Се поставува прашањето дали е ова онаа професионализација на институциите и локалната власт што Заев и Шилегов не ја вадеа од уста во предизборниот период. Се разбира листата на партиски активисти не завршува овде. Во наредниот период ќе објавиме кои се останатите партиски активисти и членови на надзорни и одбори.