дома Политика Заев и СДСМ играат „ол ин” со здравјето на граѓаните, се коцкаат...

Заев и СДСМ играат „ол ин” со здравјето на граѓаните, се коцкаат со животот на луѓето за да го ублажат поразот што им претстои

Со желба за брзи корона-избори, екс-премиерот Зоран Заев ја втурнува цела држава во kpиза. Политичка, но и здравствена kриза.

Откако слепо беше фатен за еден уште побрз датум, сега Заев вели дека не отстапува од избори на 5-ти јули.

Лидерот на СДСМ истакна дека нема потреба од нова вонредна состојба иако денес имавме СЕДУМ жpтви од коронавирусот и 125 новозаразени. Згора на тоа, тој и цела Влада се решени да го втурнат народот во невиден ризик и за 25 дена од денес да се одржат избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача на Заев да не се коцка со здравјето на граѓаните и дека ако има брзи избори Заев на нив да си оди сам.

-Зоран Заев и СДСМ играат „ол ин” со здравјето на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со животот на граѓаните за да го ублажат поразот што им претстои. Власта нема капацитет да се справи со епидемијата. Здравјето на граѓаните не е приоритет на Зоран Заев, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.