дома Македонија ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА ЌЕ ,,ДЕБАТИРААТ” МЕЃУСЕБЕ: Наместо на дебата со Мицкоски, Заев...

ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА ЌЕ ,,ДЕБАТИРААТ” МЕЃУСЕБЕ: Наместо на дебата со Мицкоски, Заев ќе одговара на нарачани прашања на Телма

Водителот на Топ Тема, Боби Христов најави чекор напред, но наместо напред на јавноста ова и изгледа како чекор назад. Имено Зоран Заев веднаш го одби повикот за дебата и фрлената ракавица од претеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој јавно го повика премиерот на дебата токму за Договорот од Преспа. Иако устата на Заев му беше полна со ветувања за дебата пред да седне на премиерската фотелја, ова сега стана уште од многуте неостварени ветувања на СДСМ. На Топ Тема ќе ,,дебатираат” Заев и Шекеринска, односно ќе одговараат на нарачани прашања на провладината телевизија Телма.